Честит 20-ти Мај – Денот на пожарникарите! 🚒

До сите припадници на Територијалната противпожарна единица,  упатуваме искрени честитки по повод 20-ти Мај – Денот на пожарникарите.

Ви благодариме за вашата храброст, пожртвуваност и несебична служба во заштитата на граѓаните и нивната безбедност. Вашата работа е симбол на одговорност, човечност и вистинска посветеност.

Секој ваш повик за помош значи надеж, сигурност и спас.

Со вашата подготвеност и хуманост, секојдневно покажувате што значи да се служи чесно и достоинствено на заедницата.

Нека ве следат добро здравје, сила и што помалку интервенции.

Нека е честит Денот на пожарникарите, 20-ти мај!

Горе