Се уредува третата ламела од Домот за стари лица ,,д-р. Иван Влашки” во Берово, која ќе понуди 10 нови легла за корисниците и ново место за одмор и рекреација, на сите корисници во домот.
Внатрешното уредување на третата ламела, е финансирано од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа а преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и со кофинансирање од Општина Берово.
Сметам дека во Домот за стари лица во Берово, услугите се на високо ниво, од нега и грижа, до хигиена, храна, потребна медицинска помош и поддршка во секојдневните активности и се надевам дека партнерството меѓу институциите, кои овозможија реализација на овој проект, ќе овозможи големо задоволство на 10 нови семејства, кои ќе ги користат услугите на Домот- истакна Градоначалникот Пекевски.
Општина Берово учествуваше на регионални форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион, каде што, донесена е одлука да се финансира внатрешно и хортикултурно уредување на третата ламела од Домот за стари лица во Берово.
Со внатрешното уредување на третата ламела, ОЈУСЗСЛ,,Др. Иван Влашки” во Берово, ќе обезбеди 10 нови легла за корисниците, новите корисници ќе донесат и нови вработувања во установата, со што општината и источниот регион ќе имаат голем социјален но и економски бенефит.