Информации за инсталирање на апликација за користење на податоците од поставената агрометеоролошка станица во Берово

Почитувани,

Во близина на имотот на ,,Малеш Бреза”, на влезот во Берово, неодамна е поставена агро-метеоролошка станица за заштита на земјоделските култури.
Станицата има софтвер, кој на секои 10 минути ги мери и ги запишува податоците, кои потоа се трансферираат на сервер, од каде се праќаат на мобилна апликација која е достапна за сите граѓани и веб-платформа која е специјализирана за земјоделците.
Со цел, да може да се користат податоците, од поставената агрометеоролошка станица на следниот линк, може да преземете упатство за инсталација на мобилната апликација.
Горе