Градоначалникот Пекевски оствари средба со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, во својот кабинет, оствари работна средба, со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, на која што го запозна со функционирањето на општината, со реализираните проекти, проектите во тек и проектите кои во иднина се планира да бидат реализирани.
Градоначалникот истакна дека општината е фокусирана кон искористување на средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка, со Бугарија и дека во изминатиов период општина Берово има успешна реализација на голем број проекти, со средствата од Европската Унија. Како што додаде тој, во завршна фаза е реализацијата на проектот „ Заштита на жителите, долж две реки“, а по истиот повик, веќе имаме одобрено и друг проект, за набавка на специјално возило за заштита од природни непогоди.
На средбата, исто така, тие разговара и за за регионалниот развој и за развојот на општината преку користење на средства од различните фондови.
Инаку, општина Берово, постојано работи на разработување на идеи, со кои би се аплицирало на тековните повици и повиците кои треба да излезат во престојниот период, со што се отвораат нови можности за прилив на средства, кои ќе го подобрат животот на граѓаните, во општината.
Горе