Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници на Здружение за воени ветерани и воени инвалиди-2001 Феникс

Во рамките на активностите на Општина Берово за соработка со НВО секторот Градоначалникот Пекевски, во својот кабинет оствари средба со претставници на Здружение за воени ветерани и воени инвалиди-2001 Феникс, од Берово.

Притоа претставниците упатија благодарност до градоначалникот, за поддршката во формирањето на здружението, разговарано е  за идните планирани активности и за  можностите за поддршка на активностите на здружението.

Невладиниот сектор е партнер на локалната самоуправа и мора да се работи на унапредување на условите и зголемување на поддршката кон невладините организации, со цел да се развиваат услугите на локално ниво и да имаме партнерска соработка за остварување на заеднички цели-истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски. Само со заедничка соработка можат да се унапредуваат услугите на локално ниво- додаде Пекевски.

Горе