Врвните резултати, кои ги постигнаа младинците на ППК Зегин од Берово , на државниот Мастерс турнир во пинг понг, беа повод, денеска Градоначалникот Звонко Пекевски, да ги покани на средба , наградените учесници и нивните тренери, во просториите на Општина Берово.
На првиот мастерс турнир, младинците од Берово, се закитија со златен, сребрен и брнзен медал, со што се потврдува квалитетот, успешноста и доминацијата на учесниците од ППК Зегин од Берово, во оваа категорија.
Градоначалникот Пекевски, задоволен од постигнатите резултати, им посака, многу успех понатаму, да продолжат да тренираат,зошто така правилно го трошат своето време, да се градат како здрави личности и во иднина да постигнуваат уште по високи резултати.
-Верувам дека одвоеното време за тренинг, е особено важно за вашиот здрав психофизички равој и дека со секојдневен тренинг, ќе постигнете голем успех за вас, за клубот а со тоа ќе направите широка афирмација и на општината. Берово отсекогаш било познато по врвни резултати во спортот, а вие, уште еднаш го потврдувате тоа и ја продолжувате успешната приказна. Продолжете така а нашата поддршка, секогаш ќе ви стои на располагање – додаде Пекевски.
На средбата, членовите на ППК Зегин, се претставија, истакнувајќи ги своите импресии од турнирот, сите среќни и задоволни од постигнатото и со нов, уште поголем мотив, да продолжат понатаму.
Како што може да се забележи, нашите пингпонгари , високо котираат на мапата на пингпонгарска федерација на Македонија, но и самата организација на турнирот, е високо препознаена како најдобро организиран настан, што силно ја покажува посветеноста на двајцата тренери во клубот, од кои, со понатамошен ангажман, во иднина се очекува да произлезат врвни спортисти од Берово.
Од страна на Градоначалникот на наградените учесници им беа доделени пригодни подароци, а за сите учесници на турнирот,од ППК Зегин од Берово, под почитување на сите мерки и препораки на здравствените власти, организиран е заеднички ручек.