Градоначалникот Пекевски оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Шахпаска

Во рамките на посетата на општина Берово, денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

На средбата тие разговараа за состојбите и плановите на општината, кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Соработката помеѓу локалната и централната власт е клучна за успех и напредок на нашата земја.

Општина Берово изминатиот период реализира голем број на проекти од сферата на социјална заштита, аплицирано е на сите отворени повици, кои го унапредуваат животот на граѓаните  и  досега успешно се справува со децентрализацијата на социјалните услуги- истакна Пекевски.

Во рамките на посетата на Берово, двајцата, заедно со Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Маја Николова, го посетија Дневниот ценар за лица со телесна или ментална попреченост, каде што неодамна, се реновирани две простории.

Како што истакна Шахпаска, со реконструкцијата и адаптацијата на двете простории на вкупна површина од 70 м2 , Дневниот центар,во Берово,  ќе добие проширување на капацитетите, со што истиот ќе може да го посетуваат вкупно 35 лица.

Заложба и приоритет на централната, но и на локалната власт и понатаму остануваат најранливите категории на граѓани,  кои заслужуваат да имаат  пристоен  живот.

Горе