Денеска, во својот кабинет, градоначалникот Пекевски, оствари средба со Кристијан Демјански и Илија Цикарски, кои освоија прво и второ место на новото талент шоу ,,Пат до ѕвездите”.
Од вкупно 32 натпреварувачи во шоуто, 3 натпреварувачи беа од Берово, а во финалето се натпреваруваа 8 финалисти, од кои двајца беа нашите Кристијан и Илија и тие го освоија првото и второто место.
Градоначалникот им го честита постигнатиот успех и им посака уште многу вакви успеси во иднина, да ја красат македонската естрада, а ние беровчани секогаш ќе се гордееме со нив. Посака да работат, секогаш да напредуваат и да ја афирмираат Општина Берово, како врвни таленти.
Како првонаграден, Кристијан ќе добие снимање на 3 песни со спотови, а Илија, снимање на 1 песна и спот, од организаторот „Арт студио“. Кристијан ни најави дека после снимањето на песните, очекува издавање и на сопствен албум.
Двајцата талентирани музичари од Берово, споделија со нас, дека шоуто било едно прекрасно искуство и дружење, фер натпреварување и вистинска забава, во добра организација и настан на високо ниво.
Кристијан најави дека во текот на месец август, има закажано многу настапи во земјата и пошироко, а планира да организира и настан во Берово, на кој ќе настапат поголем дел од финалистите и дел од жирито на шоуто.
Шоуто коешто е во продукција на Арт студио и се емитуваше на Balkan Music Tv и телевизија Алфа, промовираше нови домашни музички таленти, со цел да им го „отвори” патот до ѕвездите, а беровчани уште еднаш покажаа дека Берово располага со многу таленти во музика.