Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со Дамјан Карпузовски, кој на Општина Берово донираше, 56 половни преносни компјутери (лаптопи) Fujitsu LIFEBOOK S Series, за унапредување на општинските услуги.
Како што истакна Пекевски, компјутерите беа добредојдени за непречено одвивање на наставниот процес од далечина и се од голема важност за општината, во справувањето со предизвиците на пандемијата од КОВИД 19. Тој додаде дека наставниот процес во с. Русиново, се одвива со овие лаптопи, а истите се користат за настава од далечина во подрачните училишта и во Мал групен дом. Благодарение на донацијата од лаптопи и Советот на општина Берово, непречено ги одржуваше седниците на zoom платформата.
Доделувајќи му благодарница за унапредување на општествените услуги, Пекевски истакна :
-Вашата хуманост, треба да биде пример, во потрагата по подобро утре за поединецеот, а преку тоа и за општеството.
Донаторот истакна благодарност до градоначалникот за одвоеното време и најави дека планира да инвестира во развој на туризмот во општина Берово.