Градоначалникот Пекевски оствари работна средба со Петар Петров-прв секретар во Бугарската амбасада

Во рамките на активностите на општина Берово од областа на образованието и социјална заштита, Градоначалникот Пекевски, денеска во својот кабинет, оствари средба со Петар Петров-прв секретар на Бугарската амбасада во Република Северна Македонија.
На средбата е разговарано за идните повици за грантови, на кои би можела општина Берово да аплицира, за подобрување на условите за учење на учениците, унапредување на социјалните услуги за граѓаните и други прашања во кои може да се оствари успешна соработка.
Претставувајќи ги можностите на општината, градоначалникот Пекевски му се заблагодари на секретарот Петров, за посетата и одвоеното време, како и за успешната досегашната соработка.
Секретарот Петров исто така се заблагодари за приемот посочувајќи на важноста на човечкиот фактор во придвижувањето на работите кон подобро.Тој додаде дека образованието е многу важно во создавање на успешни генерации и произлегување на стручни кадри, кои ќе го унапредуваат општественото живеење, во сите сфери.
Во рамките на посетата, бугарскиот прв секретар, обезбеди неколку пакети прехрамбени производи, кои ќе бидат доделени на социјално ранливи семејства во општина Берово.
Како дел од работните активности и увид на можностите за инвестиции и унапредување, двајцата заеднички го посетија кејот на река Брегалница, каде во тек е реконструкција по проект од прекугранична соработка, Домот за стари лица и ОСУ,,Ацо Русковски”.
Горе