Градоначалникот оствари средба со новиот директор на Здравствен дом Берово

Во рамките на своите програмски активности, Градоначалникот Пекевски, вчера, освари средба со новиот директор на Здравствениот дом во Берово, д-р.Весна Коловска.

Градоначалникот и посака многу успех во извршувањето на функцијата и успешна соработка со институциите и со Општина Берово.

На средбата, разговараа за одредени прашања и проблеми, како решавање на проблемот со паркинг простор пред здравствениот дом, преку пронаоѓање на соодветно сообраќајно решение, за состојбата со пандемијата од КОВИД  19 во Берово и околу овозможување на подобри услови за работа  .

Исто така градоначалникот најави дека во тек е постапка за увоз на медицинска и едукативна опрема и материјали, обезбедена како донација од Асоцијација Алзас Македонија АЛМА од Франција, од која дел од опремата и материјалите се наменети за Здравствен дом Берово.

Инаку, ЈЗУ Здравствен дом Берово, е јавна здравствена установа, која пружа квалитетни здравствени услуги на територијата на Општина Берово од превентивна, примарна и секундарна здравствена заштита.

Горе