Еко акција ,,Чиста Малешевија – Како Што И Доликува!!!

Викендот во Берово, во недела на 21.3.2021 година, во организација на Здружение на граѓани ,,Патфајндерс”, во соработка со Општина Берово,  под мотото  ,,Чиста Малешевија – Како што и доликува”  е планирана, еколошка акција, на локација покрај Беровското езеро, по повод денот на пролетта.

Еко акцијата,  ќе се одвива, покрај Беровското езеро, кружната патека околу езерото, паркингот кај поранешниот ресторан и парковите во околината.

Место и време на настанот:

  • 11 часот на паркингот кај ресторанот или
  • 10 часот на плоштад,,Димитар Беровски” за оние кој ќе сакаат да излезат накај езерото пеш или со велосипед

Кон акцијата можат да се прикчучат сите заинтересирани физички или правни лица!

Да им покажеме на нашите сограѓани, на нашите гости, на нашите посетители и на нашите и вашите пријатели, колку е лесно и забавно да биде чисто, да биде средено.

Од страна на Општина Берово ќе бидат обезбедени ракавици и вреќи.

ЗА ОВОЈ СВЕТ- КОЈ НИ Е ЕДИНСТВЕН! ЗАЕДНО ЗА ПОЧИСТО БЕРОВО- КАКО ШТО ДОЛИКУВА!

 

Инаку, ,,Патфајндерс”,  е новоформирано здружение за планински спортови, туризам и млади од Берово, кое е мотивирано да овозможи нов, динамичен, креативен начин на размислување кај љубителите на авантуристичкиот начин на живот.

Да им помогнеме, сите заедно, да градат успешна приказна за себе и за Берово.

Ве повикуваме сите кои сте во можност, да се приклучите кон акцијата !

Горе