Екипата на образование – шампион на работничките спортски игри 2023 година

Возбудлива, финална спортска ноќ во Берово, на последниот ден од Работничките спортски игри во мал фудбал,каде што, пред преполната сала „Македонски бранители“ , шампионското место им припадна на екипата на Образование, кои во  интересен натпревар, со 4:2 ја совладаа екипата на АРМ. Квалитетот и одличните шанси за голови, уште еднаш се покажаа на теренот, кои публиката ги поздрави со овации.

Претходно,  за третото место, играа екипите на Труд и социјала и Суд, против тимот на Фагус. Натпреварот беше цврст и изедначен, па на крајот по изведувањето пенали, поуспешни беа фудбалерите на Труд и социјала и Суд, кои го освоија третото место.

Во преполната сала, се бараше место повеќе, што укажува на тоа дека Беровчани уживаат во вакви спортски настани и културни случувања, кои се неопходни да се случуваат се почесто во градот.

Работничките спортски игри, беа заокружени, како и секогаш, со доделување на пехари, благодарници и други награди,  за најуспешните екипи, од  страна на градоначалникот Звонко Пекевски.

Во продолжение еве ги и наградите кои беа доделени на Работничките спортски игри 2023 година:

Пехари:

1 место – Образование

2 место – АРМ

3 место – Труд и социјала и Суд

За најдобар стрелец на турнирот, беше прогласен Ахмет Халитов од екипата на Фагус, кој доби награда- фудбалска топка.

За најдобар играч на турнирот, беше избран Ерол Пилов од екипата на Образование, кој добинаграда фудбалска топка.

За најдобар голман на турнирот, беше избран Милан Биковски од екипата на Труд Социјала и суд- награда фудбалски дрес.

Благодарници за учество беа доделени на сите екипи учесници  како и  на:

ОСУ,,Ацо Русковски” – за подршка на игрите

Малеш Нет –Сенад Расимов –  за медиумска покриеност на игрите

Неџат Пилов – за судија на игрите

Роберт Печински– за подршка на игрите

Тодорчо Кацарски –за ветеран на игрите

ЈП Национални Шуми и Пилани – за најфер екипа

Исто така сите екипи учесници на спорските игри добија благодарници, а на порталот Малеш Нет му беше доделена благодарница за медиумска покриеност.

Со ова ги заокружуваме овогодинешните традиционални Работнички спортнички игри.

Честитки до екипата на образование за убедливата победа и голема благодарност до сите учесници и до сите кои придонесоа за успешна реализација на Работничките спортски игри 2023 година.

Со цел развивање на спортскиот дух, дружење, подобрување на соработката на институциите на локално ниво и секако стекнување на здрави навики, Општина БЕРОВО и во иднина ќе организира вакви и други слични спортски манифестации.

Горе