Денеска во просториите на Салата на Општина Берово, се доделени сертификатите, на лицата, кои во минатиот циклус, беа ангажирани на проектот за општинско корисна работа.
Проектот е финансиран преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, на Владата на РСМ за 2020 година, се организира во соработка со Агенција за вработување на РСМ и МТСП а се реализира преку Општина Берово. Целиот процес е поддржан од УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Целта на пректот е креирање на можности за работа за сите, преку стекнување со одредени квалификации и вештини и конкурентност на пазарот за труд а извршителите во овој циклус беа ангажирани за грижа и нега на стари лица во домашни услови.
Како што истакна координаторот на проектот, Ѓорѓи Пеовски, благодарение на заедничкото залагање на Општина Берово и извршителите, сите активности од проектот се успешно реализирани и очекуваме ангажман и во следниот циклус.
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски им се заблагодари на извршителите за досегашниот ангажман, честитајќи им за успешно завршената работа, и изкажа иницијатива за повторно вклучување во програмата, со тоа што бенифитот е голем и за ангажираните лица и за крајните корисници, како и за нивните семејства. Посакувајќи им добиените потврди и сертификати, во иднина да им послужат, бидат конкурентни на пазарот на труд, посака соработката да продолжи и сите да добијат работни ангажмани, а Берово и понатаму да остане успешна приказна за искористување на средства од меѓународните фондови.