Доделени наградите на учениците кои постигнаа успех на натпреварите на млади техничари и истражувачи

Денеска во просториите на Општина Берово,  доделени се наградите на учениците од Берово, кои постигнаа успех на 57-от Државен натпревар на млади техничари и истражувачи и врвни резултати на натправарите од областа на применети природни и технички науки, во организација на Народна техника на Република Северна Македонија.

Наградите ги додели Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кои на младите истражувачи и нивните ментори,  им го честита успехот,  посакувајќи им  многу успех понатаму, да продолжат да вложуваат во себе и да постигнуваат успеси, со што ќе ја китат општина Берово и ќе ја афирмираат во државни и меѓународни рамки.

Наградени се следниве ученици:

  1. 1 место применета хемија- Јована Цикарска
  2. 2 место астронаутика – Зорица Мишовска
  3. 2 место применета географија- Ефимија Буровска
  4. 3 место метеорологија Ангела Пршкарска
  5. 3 место агротехника- Љубица Шишовска
  6. 3 место радио техника – Ѓорѓи Скендерски

 

Пофалници добија:

  • Електротехника – Мартин Сивевски
  • Применета биологија- Андреа Јовановска
  • Конструкторство- Магдалена Миловска
  • Астрономија – Анита Рабаџиска
  • Наука на млади – Филип Калаџиски

Директорот на Народна техника на Македонија, Пере Митрев,  на сите натпреварувачи им честита за успехот, посакувајќи им да продолжат да работат, потенцирајќи дека Општина Берово изобилува со таленти во областа на применети природни и технички науки и се додека има кој да работи , нема страшно за иднината на општината.

На Градоначалникот се заблагодари за поддршката и посака соработката да продолжи и во иднина.

Со ова уште еднаш се потврдува успехот на беровските ученици, кои и во услови на пандемија докажаа дека работеле и дека успехот се должи на љубовта и посветеноста, но и на нивниот труд, кој ќе им овозможи конкурентност во иднина и стипендии за талентирани ученици.

Горе