На сите здравствени работници, Ви го честитам Светскиот ден на здравството и Ви посакувам, низ многу здравје, со големи успеси, да ја вршите Вашата работа и да бидете горди на својата хумана професија.
Здравјето е најголемо богатство, чувањето на здравјето, е нашата прва животна и етичка задача, а здравствените работници, се на првата линија, за поддршка на секој еден од нас.
Трудот и пожртвуваноста на здравствените работници, спасуваат животи и даваат поддршка, кога е најтешко и верба на луѓето за нивната безбедност и здравје.
Посветени и сконцентрирани во Вашата работа, продолжете да давате се од себе, со цел да им се помогне на луѓето и постигнете големи успеси во Вашата работа.
Успешно , да ги надминуваме сите предизвици!
Честит 7 април, на сите здравствени работници.
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски