Утре ќе се гласа Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2021 година Советот на Општина Берово, утре со почеток во 8 часот, со физичко присуство, во големата сала ќе ја одржи својата 10-та Седница
На 10-тата Седница на Совет на Општина Берово, ќе се најдат следниве точки на дневен ред: Записник од 9-та Седница на Совет на Општина Берово; Измена на Годишен план за вработување на Општина Берово за 2022 година; Предлог Одлука за утврдување на приоритет за учество и користење на средства од Програмата за поддршка на [...]
Потпишан договор за набавка на специјално возило за справување со природни катастрофи
Во рамките на имплементацијата на проектот „Волонтери преку граница“, потпишан е договор за набавка на специјално возило за спасување од природни катастрофи. Специјалното возило ќе биде набавено со два посебни модула: модул за гасење на шумски пожари и модул за чистење на снежни наноси. Општина Берово е лидер партнер во проектот, а партнер од Република [...]
Градоначалникот Пекевски ги посети корисничките од Домот за стари лица
Срдечни честитки по повод 8 март, со желба во иднина да ја унапредуваме соработката и да создавеме содржини, што ќе им обезбедуваат пријатен престој и безбеден дом, по повод денот на жената, денеска им беа упатени на корисничките на услугите на Домот за стари лица во Берово, од страна на градоначалникот на општина Берово, Звонко [...]
Среќен 8ми март на сите припаднички на понежниот пол
Почитувани дами, Дозволете ми да го изразам моето највисоко почитување, кон сите припаднички на понежниот пол, во чија чест се празнува денешниот ден, кој е симбол на борбата за права и еднаквост. Посакувам секој ден во годината да бидете сакани и почитувани и секојдневно заеднички да ги унапредуваме правата на жената во општеството. Бидете горди [...]
Потпишан договорот за реконструкција на улица ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро
Со реконструкција на улица ,,3” во туристичка населба Беровско Езеро, на почетокот на градежната сезона, продолжуваме со подобрување на условите за развој на туризмот, како стратешка гранка за развој на Берово. Денеска во Кочани, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, потпиша договор, за реконструкција на улицата, со Стоименов ДООЕЛ Кочани и Центарот за развој на [...]
Се асфалтира улица во центарот на с. Двориште
Со реконструкција на улица во центарот на с. Двориште, привршуваат градежните активности по проект ,, Македонија без кал", кој што Општина Берово го реализира преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска банка. Денеска Градоначалникот Пекевски, изврши увид во градежните активности, а на селскиот мегдан го пречекаа задоволни граѓани, кои после долги години [...]
Се гради нов објект кујна во Домот за стари лица во Берово
Во тек се градежните активности, за изградба на нов објект, кујна во Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки” во Берово, кој има капацитет од 39 места, за корисници. Новиот објект, ќе биде наменет за сопствена кујна, преку која корисниците ќе добиваат топли оброци. Сметаме дека со реконструкција на објектот и намена за кујна, установата [...]
ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ 2022
Општина Берово , после пауза од една година , организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал 2022 година, кои традиционално се организираат, а со цел, спортување, подигање на спортскиот дух во градот и подобрување на соработката помеѓу институциите, и правните субјекти . Настанот ќе се одржи во периодот–март – април 2022 год. Општина Берово, како [...]
Младите од Берово, придонесуваа кон зачувување на урбаната опрема во градот
Во рамките на активностите на општина Берово за промовирање на меѓуетничка интеграција во образованието и граѓанска вклученост на младите, Тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Општина Берово, денеска реализираа младинска акција за зачувување на урбаната опрема во паркот на Кеј на река Брегалница во Берово. Во акцијата се [...]
Утре, Советот на Општина Берово ќе ја одржи 9-тата Седница
Советот на Општина Берово, утре, со почеток во 8:00 часот, преку zoom платформата ќе ја одржи својата 9-та седница. На седницата ќе се најдат следните точки на дневен ред: Д н е в е н р е д: Записник од 8-ма Седница на Совет на општина Берово; Предлог Измена на Одлука за извршување на Буџетот; [...]
