Category: Вести

Известување

Ве известуваме дека општинската администрација во текот на утрешниот ден,ќе изврши пошувмување на терените кои беа зафатени со пожарите во 2021 година, заедно со општествено одговорни компании и ЈП Национални шуми. Се замолуваат  граѓани кои имаат потреба од општинските услуги, да бидат стрпливи и своите ппотеби и барања да ги остварт следниот работен ден, односно [...]

Одржана средба со претставници од Ромската заедница во рамките на проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”

Во рамките на проектот ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, вчера во просториите на Општина Берово,  се одржа средба со корисниците на услугите  на проектот. На средбата присуствуваа  раководителот на Одделението за локален економски развој, раководителот на Одделение за урбанизам,  локалниот координатор и проектниот менаџер, а се [...]

Градоначалникот на Општина Берово,  оствари средба со  потпретседателот на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија

Денеска, во кабинетот, градоначалникот на Општина Берово,  оствари средба со  потпретседателот на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија (ОРОРСМ), Љупчо Вуксанов. На средбата, тој се запозна со информации за Програмските активности на Организацијата,  во текот на 2022 година, која е јубилејна година за  ОРОРСМ, во која навршуваат 70 години од формирањето на истата. [...]

ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Берово за 2022 година

О П Ш Т И Н А   Б Е Р О В О   Врз основа на член 49 став 1, 2 и 3 од Законот за здруженија и фондации ("Службен весник на Република Македонија" бр.52/2010 и 135/2011), член 36 од Законот за локална самоуправа и член 19 од Статутот на Општина Берово (Сл.гласник на [...]

Честит 8 Април- Меѓународниот ден на Ромите Bahtalo 8 April!

На сите припадници на ромската заедница, им го честитам денешниот празник 8-ми април-Светскиот ден на Ромите, со искрени желби за многу здравје, среќа, успех и продолжување на соживотот со ромската заедница, како и реализација на уште многу успешни проекти  за подобрување на животот на Ромите. Во изминатиот период, вложуваме средства за реализација на проекти  од [...]

СО ПРЕВЕНТИВНИ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ, ВО БЕРОВО СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

По повод светскиот ден на здравјето, Здравствениот Дом во Берово,  денес, организира превентивни бесплатни прегледи, во центарот на градот. Честитајќи им го денешниот ден, на сите здравствени работници, директорката на Здравниот Дом, истакна дека во акцијата се врши бесплатна проверка на шеќер во крвта, мерење на притисок и телесна тежина, како и консултации со граѓаните [...]

Нови партнери и подобро општинско буџетирање

Вчера, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ја објави втората група од новите партнер- општини на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Дваесет и четири општини, помеѓу кои  и Берово, потпишаа Меморандум за соработка и се  обврзаа  за подобрување  на  квалитетот  на  даночните  системи,  зајакнување  на  оперативниот капацитет на даночната администрација [...]

Донесена одлука за преименување на улица ,,20” во улица ,,Жан Кофол”

На 11 Седница на Совет на Општина Берово, која се одржа на 30.03.2022 година, советниците во Советот на општина Берово, едногласно донесоа одлука  за преименување на улица ,,20”  во Берово, во улица ,,Жан Кофол” . Иницијативата, за преименување на улицата, пред советот беше поднесена од страна на Градоначалникот на Општина Берово, во знак на постхумно [...]

Преку ,,Европа за граѓаните”, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Португалија

Делегација од Општина Берово, предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, учествува на Петтата меѓународна конференција, во рамките на Проект ,,Европа за граѓаните”, која се одржува во Марвао- Португалија . Конференцијата е вистински предизвик за претставници од осум европски држави, кои низ различни интерактивни активности, разменуваат искуства за културното наследство , паметни културни села, важноста на социјалните [...]

ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО ПОСТАВЕНА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА “РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ЦВЕЌЕ”

Во историско етнолошкиот музеј во Берово, денес е поставена изложба на тема “Ретроспективна изложба цвеќе” од Домот за млади и деца Благој Мучето од Струмица. Изложбата е во организација на Домот за култура “Димитар Беровски” Берово, а поставени се 14 уметнички дела изработени од ученици од основните училишта во Македонија.Меѓу нив се наоѓаат и три [...]
Горе