Category: Вести

ОСУ ,,Ацо Русковски”ги презентираше образвоните профили пред деветоодделенците

Во рамки на отворениот инфо ден во средното училиште ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово, вчера,  беше организирана промоција на гимназиското и стручното образование, каде деветоодделенците од Општина Берово и Општина Пехчево имаа можност, преку поставените едукативни штандови, да се запознаат со образовните профили што ги нуди училиштето од стручното образование како и соодветните подрачја од [...]

Известување за отворен ден во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово

Ве известуваме дека утре 02.06.2022 година, со почеток во 12:30 часот, во просториите на ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, ќе се одржи отворен инфо ден , каде што ќе бидат претставени  образовните профили кои ги нуди училиштето, за упис во прва година во учебната 2022/2023 година. На настанот се добредојдени сите ученици, наставници и родители, [...]

Одобрени средства за финансирање на проект „Реконструкција на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово, Општина Берово“ фаза 2

Со средства обезбедени преку Програма за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Берово ќе ја продолжи Реконструкција на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово,  – втора фаза. Проектoт е дел од техничкото решение за реконструкција на водоводната мрежа во с. Владимирово,  од Програмата за води во 2021 [...]

Денеска Советот на Општина Берово, ќе ја одржи својата 12-та Седница

На 12-тата седница на Совет на општина Берово, која ќе  се одржи денеска, со почеток во 08:00 часот, и која ќе може во живо да ја следите на следниот you tube канал: ЛИНК    ќе се најдат следните точки на Д н е в е н  р е д: Записник од 11-та Седница на Совет [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со Член на Претседателството на Сојузот на Здружение на борци- граѓани поддржувачи од Струмица

Денеска,  Градоначалникот Пекевски оствари средба со Член на Претседателството на Сојузот на Здружение на борци- граѓани поддржувачи од Струмица, Никола Пефќев. На средбата разговараа за понатамошна  заедничка соработка за одржување на спомен обележјата, оддавање почит на паднатите борци и подобрување на општествените процеси, воопшто. Претседателството на Сојузот на Здружение на борци- граѓани поддржувачи од Струмица [...]

Навршуваат 21 година од смртта на Капетан Зоран Бубевски

Во чест на навршувањето на  21 година, од смртта на Капетан Зоран Бубевски, денеска на спомен обележјето на четворицата загинати бранители од Берово , во конфликтот 2001 година, заеднички со претставници од Батаљон за врски Скопје, семејството на Бубевски и претставници од Здружението на воени инвалиди,  положивме свежо цвеќе, пред неговата биста. Оддадовме почит, ја [...]

Низ многу емоции и тага, денеска во Берово, е пуштена во употреба, новоизградената улица ,,Жан Кофол”

Низ многу емоции и тага, денеска во Берово,  е пуштена во употреба, новоизградената улица ,,Жан Кофол”,  именувана по прерано загинатиот пожарникар од Словенија, кој загина веднаш по враќањето во родното место, после доброволниот придонес во Берово и Малешевијата во гаснење на пожарите кои избувнаа во август 2021 година. На самата свеченост, на пуштање во употреба [...]

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД МАТУРАТА, ДО СИТЕ МАТУРАНТИ

Драги матуранти, Денеска Берово испраќа уште една генерација на успешни ученици, подготвени за нови предизвици во животот, за чекорење кон нови патишта и успеси и отварање на нови хоризонти. На заокружувањето на процесот на средношколско учење, на оваа генерација,  можеме да упатаме посебни пофалаби за трудот на учениците во изминатите четири години и за успешното [...]

ВЕЧЕРВА ВО БЕРОВО- МАТУРСКО ДЕФИЛЕ

Средношколската заедница при ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово, Ве известува дека вечерва по двегодишна пауза, на плоштадот,,Димитар Беровски” ќе  продефилираат матурантите од средното општинско училиште „Ацо Русковски  “ Берово. Дефилето ќе започне од пред маркет КИТ-ГО, од каде матурантите ќе се упатат кон плоштадот ,,Димитар Беровски”. Повелете сите заеднички да ја збогатиме вечерта на нашите матуранти.

СО ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА НА ПОЖАР ВО ЗАТВОРЕН ОБЈЕКТ ТППЕ-БЕРОВО ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ

По повод 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, Територијалната противпожарна единица – Берово, изведе тактичко-показна вежба во затворена просторија, со симулација на гаснење на пожар во затворен објект -пелетара, како и показна обука на вработените за користење на против пожарни апарати. Командирот на ТТПЕ-Берово, Сашко Руменовски им го честиташе Денот на сите пожарникари истакнувајќи дека [...]
Горе