Category: Вести

Штедливи светилки го подобруваат осветлувањето низ улиците во Берово

Штедливи лед светилки, деновиве го подобруваат осветлувањето во вечерните часови, во централното градско подрачје, во Берово. Во рамките на Програмата за одржување на уличното осветлување, со нови енергетски ефикасни, лед светилки, кои се подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина, заменето е градското осветлување на ул ,,Маршал Тито” и ул.,,23 Август”, во Берово Новите [...]

Започна реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, започна реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово. Со реконструкцијата на четвртата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници, со што Домот за стари лица, ќе [...]

Бесплатен јавен превоз, на територијата на општина Берово

Општина Берово, започнува да врши бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, секој четврток, почнувајќи од ден 06.04.2023 година. Превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на Општина Берово и тоа на следните релации. ДВОРИШТЕ-РАТЕВО-РУСИНОВО-ВЛАДИМИРОВО-БЕРОВО-ТРГНУВАЊЕ ВО 07:30 ЧАСОТ (поаѓање од центарот на селото) БЕРОВО-ВЛАДИМИРОВО-РУСИНОВО-РАТЕВО-ДВОРИШТЕ- ТРГНУВАЊЕ ВО 13:00 МИТРАШИНЦИ-БУДИНАРЦИ-МАЧЕВО-СМОЈМИРОВО- ТРГНУВАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ [...]

Aприлијада во Берово

Во пресрет на први април- Денот на шегата, денеска на плоштадот ,,Димитар Беровски” во Берово, имавме можност да ги видиме најмалите,  под маските на своите омилени јунаци и да уживаме во прекрасната слика, во центарот на градот. Облечени како принцези, самовили, пеперутки, супер херои, тие со своите воспитувачки, продефилираа од Детската Градинка “23-ти Август“, до [...]

Со набавка на нов мултифункционален МУЛЧЕР, се подобруваат комуналните услуги во Берово

Денеска е набавена нова машина за косење и кастрење на вегетација- тракторски мулчер, преку која значително ќе се подобрат комуналните услуги, кон граѓаните во Општина Берово. Машината е со мултифункционална намена, за истиснување на сите остатоци (трева, слама, гранки со дебелина до 5 см итн.) на полјоделски површини, во овоштарството, винарството, во парковите и на [...]

Ј А В Е Н П О В И К за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2023 година

Врз основа на член 3 од Одлуката за за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 женки-кучиња на територијата на општина Берово во текот на 2023 година, Бр.09-1229/1 од 23.3.2023 година и член 1 од Правилникот за критериумите и постапката за субвенционирање на 100 % од трошоците за стерилизација на 30 (триесет) [...]

Екипата на образование – шампион на работничките спортски игри 2023 година

Возбудлива, финална спортска ноќ во Берово, на последниот ден од Работничките спортски игри во мал фудбал,каде што, пред преполната сала „Македонски бранители“ , шампионското место им припадна на екипата на Образование, кои во  интересен натпревар, со 4:2 ја совладаа екипата на АРМ. Квалитетот и одличните шанси за голови, уште еднаш се покажаа на теренот, кои [...]

Презентирани резултатите на проект ,,Волонтери преку граница”

Денеска, во Берово, се презентирани резултатите од проект ,,Волонтери преку граница", кој што, Општина Берово, го реализира во партнерство со Здружение на граѓани ,,Заедно за Сандански". Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевкси и неговиот колега од општина Струмјани, Емил Илиев,  задоволни од реализацијата на проектот, ги  искажаа своите впечатоци од реализацијата на проектот, преку кои, [...]

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА – ДООФОРМУВАЊЕ НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ

Општина Берово објавува јавен повик учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Берово. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, [...]

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (еден) КОНСУЛТАНТ/КА И МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

Општина Берово објавува јавен оглас за ангажирање на консултант и тутори за поддршка на ученици Роми од 2-ро, 3-то и 4-то одделение во основно образование во Општина Берово. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот [...]
Горе