Category: Вести

Утре, 16.05.2023 година, со почеток во 11:00 часот, во Бизнис инкубаторот во Берово, ќе се одржи презентација на активните мерки од ИПАРД Програмата

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел запознавање и доближување на можностите за користење на средства  од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници. Со оглед на факот дека ИПАРД Програмата има многу голем опфат, во сите економски гранки, преку трите акредитирани мерки, се [...]

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД- ЗАЕДНО ДЕЛУВАМЕ ЗАЕДНО ПРИДОНЕСУВАМЕ

Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН во  партнерство со  Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство,  организираат голема акција за чистење, во Берово: – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, УТРЕ 12-ти мај 2023 година во Берово. Ќе се чисти на повеќе локации во градот. Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина [...]

Проекција на филмот ,,ШТО Е ТОА ЖЕНА,, петок 12.05.2023 година 17:00 часот Бизнис инкубатор Берово

Под покровителство на струмичката православна епархија, фондацијата ,,Елеуса,, и ,,Коалицијата за заштита на децата,,, во Петок 12.05.2023 година, со почеток во 17:00 часот, во салата на Бизнис инкубаторот, ќе се проектира  филмот ,,ШТО Е ТОА ЖЕНА,, Ве покануваме сите заинтересирани. Влезот е слободен.

Градоначалникот Пекевски оствари средба со младите истражувачи Екатерини Самаропулу и Сара Видинска

Денеска во својот кабинет, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со младите и надежни таленти Екатерини Самаропулу и Сара Видинска, заедно со извршниот директор на Народна техника Берово,  Бистра Поп Ѓорѓиева, кои под менторство на наставничката Изабела Бакаловска, неодамна се вратија од Бановичи, Босна  и Херцеговина, каде што успешно се пласираа на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи [...]

ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, го одбележа патрониот празник

Со положување на свежо цвеќе, пред спомен плочата во училишниот двор, денеска во Берово, започна одбележувањето на патрониот празник во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”. Цвеќе, положија делегација предводена од дирекоторката, делегација предводена од градоначалникот и делегација од училишната заедница. На наградените ученици по распишаниот литературен конкурс, им беа доделени награди. Прославата продолжи во бизнис инкубаторот, [...]

ТППЕ Берово изведе вежба ,,Симулација на пожар на отворен простор” на Беровско Езеро

Во рамките на Програмата за работа на ТППЕ Берово, денеска е изведена вежба ,,Симулација на шумски пожар и пожар на отворен простор” во туристичката наслеба Беровско Езеро. Користени се 2 противпожарни возила, од кои едното со вградена пумпа и едно со преносна пумпа. Во вежбата учествуваа сите вработени во Територијалната противпожарна единица во Берово. Според [...]

Започнува примената на мерката за субвенционирање на млади лица, за стекнување со возачка дозвола Б категорија

Денеска се исплатени  средства, на ученици од  ,,Ацо Русковски”  од Берово, како Субвенција на млади лица – жители на општина Берово, за обука на теоретски и практичен дел за полагање на возачки испит од Б категорија. Средствата се исплатени, како дел од Програмата за социјална заштита, за  поддршка на родителите во семејниот Буџет. Целта на [...]

ВТОРА ОБЈАВА на ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО АКЦИЈА ЗА ПОДДРШКА – ДООФОРМУВАЊЕ НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВОЗРАСНИ ЛИЦА РОМИ

Општина Берово објавува јавен повик учество во акција за дооформување на средно обраозвание за возрасни лица Роми од Општина Берово. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, [...]

ВТОРА ОБЈАВА на ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА  1 (еден) КОНСУЛТАНТ/КА И  МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО

ВТОРА ОБЈАВА на ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА  1 (еден) КОНСУЛТАНТ/КА И  МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО   Општина Берово објавува јавен оглас за ангажирање на консултант и тутори за поддршка на ученици Роми од 2-ро, 3-то и 4-то одделение во основно образование во Општина Берово. Оваа активност [...]

Поделени 100 хуманитарни пакети во Берово

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, организацијата Ахмедија муслимански џамаат, денеска, во Берово, додели 100 хуманитарни пакети. Целта на оваа акција, е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно. Голема благодарност за иницијативата за овој хуманитарен гест, со кој ќе се помогне на [...]
Горе