Category: Новости

Општина Берово ги награди младите успешни пингпонгари

Забележувајќи ги врвните резултати на поедини членови на Пингпонгарскиот клуб во Берово, а сметајќи дека талентите треба дополнително да бидат мотивирани,  Градоначалникот на Општина Берово, поднесе иницијатива, до Советот на Општина Берово, за исплата на парична награда за постигнување на врвни резултати во спортот,  како признание за спортските успеси на младите пингпонгари. Иницијативата едногласно беше [...]

Донесени одлуки на 49 седница на Совет на општина Берово

Усвоен Записник од 48-та Седница на Совет на Општина Берово; Измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Берово во областа на социјалната заштита за 2021 година; Измена на Програмата за одбележување настани и истакнати личности со спомен одбележија во Општина Берово за 2021 година; Одлука за креирање на нов Локален акциски план (ЛАП); [...]

Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во с. Будинарци

Општина Берово, постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во наслените места. Продолжува изградбата на колектор во с. Будинарци, со што ќе се заокружи  процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на река Брегалница и ќе се заштитат  водите на р. Брегалница. Изградбата на [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од Ромалитико

Во рамките на активностите на општина Берово, за подобрување на животот на граѓаните Роми, градоначалникот на Општина Берово, вчера оствари средба со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. Целта на средбата беше претставување на проектот, кој ќе се реализира во соработка со USAID, наредните 3 години, а во кој ќе [...]

Честитка од Градоначалникот Пекевски до сите матуранти

Почитувани матуранти, Низ посебни околности, за жал без традиционалната прослава и матурско дефиле, поминувате уште едно скалило од вашиот живот, кое ве прави позрели, поискусни и ве носи исправени пред нови предизвици. Со особена чест и задоволство,  од името на Општина Берово и од мое лично име, упатувам срдечни честитки, по повод вашето матурирање и [...]

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, упати честитка по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите

Почитувани пожарникари, Со искрени честитки, по повод Денот на пожарникарите, 20-ти мај, од името на Општина Берово и од мое лично име, упатувам голема благодарност за вашата пожртвуваност и храброст, за секојдневното залагање во заштитата од пожари, со желби за усовршување на процесот на вашата работа и спречување на големи катастрофи. Територијалната противпожарна единица од [...]

Соопштение за поставување на видео надзор на Градски кеј и комплекс Стара Гимназија

Општина Берово , ги информира граѓаните дека во согласност со позитивните законски прописи,  е во постапка да постави видео надзор на две локации: Градски кеј и комплекс Стара Гимназија . Видео надзорот ќе се поставува исклучиво во функција за заштита на зелените површини, урбаната опрема, пешачките патеки, заштита на спортските терени,  односно да се зачува [...]

Потпишан договорот за изградба на канализациона мрежа КРАК 3 во с. Русиново

Градоначаникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, вчера, во  Министерство за животна средина и просторно планирање, потпиша договор за изградба на канализациона мрежа, КРАК 3 во с. Русиново. Со проектот ќе бидат опфатени 363 метри, канализациона мрежа, ќе се заштитат водите на река Брегалница, ќе се заштити животната средина и ќе се подобри социјалната кохгезија. На [...]

Месност викана ,,Манаќија” во Берово, наскоро ќе блесне со ново улично осветлување

После долги години, месноста викана ,,Манаќија” во Берово, добива улично осветлување. Во моментот екипа на терен, работи на поставување на инсталација на улично осветлување, во должина од околу 300 метри и наскоро овој дел од Берово ќе блесне, целосно осветлен. Овозможувајќи им значајни придобивки на граѓаните ги запазуваме постоечките стандарди за енергетска ефикасност, со што [...]

Честитка од Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски по повод 7ми мај- Денот на македонската полиција

Почитувани припадници на полицијата и безбедносните служби, Ви го честитам 7 мај- Денот на Македонската полиција и Ви посакувам и со многу успех да продолжите да се грижите за безбедноста на македонските граѓани. Во овие времиња на пандемија, кога спроведувањето на редот е уште поголем предизвик, со вашиот професионален ангажман, претставувате пример, за тоа, како [...]
Горе