Category: Новости

Туристичка населба Беровско Езеро, ќе добие нов водоснабдителен систем

Се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичка  населба Беровско Езеро, при што во завршна фаза се активностите за Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа  и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“.. Како што истакна градоначалникот Пекевски, Општина Берово на повик преку [...]

Советот на Општина Берово, во понеделник 27.06.2022 година, со почеток во 08:00 часот , ќе ја одржи 13-тата Седница

Д н е в е н  р е д: Записник од 12-та Седница на Совет на општина Берово; Предлог Одлука за прифаќање на Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка; Предлог Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Берово за учебната 2022/2023 [...]

Делегација од Општина Берово е на официјална посета во Словенија

Делегација од Општина Берово е во официјална посета во Словенија, каде што вчера, остварија средба со Амбасадорот на Република Северна Македонија во Словенија,  Сузана Зеленковска. На средбата тие разменија мислења и искуства за идната можна соработка со општини од Република Словенија , во делот на туризамот, заштита на животна средина, комунални услуги и противпожарна заштита. [...]

Слава им на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Денеска во Берово се одбележува 21 година од смртта на загинатите бранители  Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, во воениот конфликт 2001 година и една година од подигање на спомен обележјето, кое во нивна чест го подигна општината. Делегации од Единиците на загинатите Бранители, од Општина Берово, почитуваните и ценети семејства на [...]

Општина Берово учествува на меѓународен саем во Пловдив – Бугарија

Во периодот од 20 до 21 јуни, Општина Берово, заедно со партнерската општина Струмјани, од Република Бугарија, учествува на 10 тиот јубилеен европски форум на социјална и солидарна економија на Меѓународниот  Саем во Пловдив. На саемот  учествуваат повеќе од 100 социјални претпријатија и задруги. Настанот  се одржува  од 20 до 23 јуни 2022 година, а [...]

Финансиска поддршка од 100.000,00 денари за ППК ,,Зегин” од Берово

Денеска Градоначалникот на Општина Берово,го потпиша договорот со кој, на пингпонгатскиот клуб ,,Зегин” од Берово, се доделуваат 100.000,00 денари, за реализирање на активностите на клубот, преку Програмата за развој на спорт и спортско рекреативни активности, на Општина Берово, за 2022 година. Членовите на ППК ,,Зегин” од Берово, изминатиот период постигнаа врвни спортски резултати, при што [...]

АД Водостопанство–Подружница Берово- позитивен пример во заштитата на животната средина

Вработените во АД Водостопанство на РСМ - Подружница Берово, во соработка со Општина Берово,  извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната. Притоа извршено е метење на патеката, чистење   од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи [...]

Малеш Куп турнир во мал фудбал

По повод 100 години постоење на фудбалскиот клуб Малеш, членовите на управата на клубот, за првпат организираат регионален Малеш Куп турнир во мал фудбал. Почеток: денес,  среда 15-ти Јуни во 18:00 часот. Локација: Комплекс Стара Гимназија - Берово. Повелете, заеднички да го проследиме отварањето на фудбалскиот ноќен турнир. Очекуваме одличен фудбал и многу забава и [...]

Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE ) во Северна Македонија Прашалник за граѓани

„Европска ознака за извонредност на управувањето ( ELoGE )“ се доделува на општини кои постигнале ниво на добро управување според стандардите одредени од страна на Советот на Европа. Ознаката нуди начин за мерење на усогласеноста на работата на општините со 12 Начела за добро демократско управување на Советот на Европа. Европската асоцијација за локална демократија [...]
Горе