Детскиот парк на ул. ,,Партизанска” доби нови детски реквизити
Нови клацкалки, нишалка и лизгална, во текот на вчерашниот ден се поставени во детскиот парк на ул. ,,Партизанска", во Берово. Детските реквизити се донација од Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ,,ПАКОМАК" ДОО Скопје, како резултат на победата на Општина Берово на конкурсот за најеко општина, кој го објавува компанијата Пакомак, во [...]
Млада и талентирана, разговор со Наталија Тасевска- ученик на генерација за учебната 2024/2025 година во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово
,,Мал гест на поддршка, може да го промени текот на настаните во животот”, вака Наталија Тасевска- ученик на генерација за учебната 2024/2025 година во ОСУ ,,Ацо Русковски” – Берово, го започна разговорот, на вчерашниот прием кај Градоначалникот на Општина Берово. Во Општина Берово, таа донесе 50 -тина дипломи, сертификати и благодарници, од успесите кои ги [...]
Одбележуваме 24 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски
На денешен ден, пред 24 години, имињата на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, останаа запишани во македонската историја, како херои, кои го дадоа животот, за нешто поголемо од себе. Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, застанаа во редот со Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп- Ѓеорѓиев Беровски, Никола Петров [...]
ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – (Сл. Весник на Република Македонија бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16 и Сл.Весник на РСМ бр. 257/20), како и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, и согласно Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести донесена од Советот [...]
Делегација од Општина Берово присуствува на Форум за паметни градови во Брно- Чешка
Градоначалникот Пекевски, заедно со Раководителот на Одделението за локален економски развој, Ѓорѓи Пеовски, деновиве, престојуваат во Брно- Чешка Република, каде што, присуствуваат на URBIS - форум за паметни градови, во рамките на Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа ,,Енергија, транспорт и заштита на климата (ORF-ETC)”, поддржан и организиран во соработка со Министерството за индустрија и [...]
Јавен повик за пријавување на штети
Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето – врнежи од град, кое ја зафати територијата на општината на ден 05.06.2025 година (четврток) с. Владимирово, с. Мачево, с. Смојмирово, с. Русиново и с. Двориште, да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово. Барањето за пријавување на [...]
О Б Ј А В А бр. 1/2025 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА БЕРОВО
ОПШТИНА БЕРОВO објавува : О Б Ј А В А бр. 1/2025 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА БЕРОВО за изградба на објекти со намена Г3 - Сервиси, со компатибилна намена со класа Б1, Б2, Г2 и Г4 КО Берово, [...]
ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ВО БЕРОВО, ПЕТОК 9 – ти мај
Општина Берово, МЕН ЕНД МАУНТЕН, ЗЕЛС, Пивара Скопје, Нула отпад и ПАКОМАК, преку заедничко партнерство организираат голема еколошка акција, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во БЕРОВО, ПЕТОК 9-ти мај 2025 година, на следниве локации. Во акцијата ќе се вклучат и волонтери на Црвен крст на Македонија. Големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана од општествено одговорни компании: LIFE [...]
Заврши реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово
Во рамките на Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, за 2024 година, преку Министерството за транспорт, заврши реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово. Реконструирани се двата крака од улицата, во должина од 171 метар. Притоа отстранет е стариот и оштетен асфалт, извршено [...]
За поефикасно одржување на зелените површини, во градот и населените места, Општина Берово набави косилка
За поефикасно одржување на зелените површини, во градот и населените места, набавивме косилка, за потребите на ЈПКР ,,Услуга,, -Берово. Истата ќе се користи за косење на паркови и други тревни површини на територијата на Општина Берово. Косликата е марка Хускварна –ТС 112, со централен откос и корпа за собирање на тревата со волумен од 200 [...]
