Category: Комунални работи

Започнува пролетната акција за кастрење на непотребната вегетација

Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење на дрвјата на јавни површини. Со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, поточно на ул.,,Задарска",  а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно. Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, [...]

,,Пакомак”, донира 8 контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика за Берово

Фирмата ,,Пакомак” од Скопје, повторно  е сериозен партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад, при што донира 8  контејнери, кои се наменети за собирање и складирање на отпадна пластика. Контејнерите ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за [...]

Поставени мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско ЕЗЕРО

Во насока на подобрување на јавната чистота и заштита на животната средина,  Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” постави  мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро. Мрежите се поставени со цел  да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад. [...]

Преку јавни работи до почисто Берово

Во рамките на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, усвоен од Владата на РСМ, во Берово,  ангажирани се  дополнителни 15 лица, во проектот ,,За почисто Берово”. Проектот го спроведува Општина Берово, во соработка со Агенција за вработуваање на Република Северна Македонија, а активноста е во согласнос [...]

Известување за собирање на градинарски отпад

Ве известуваме дека ЈПКР „Услуга“ Берово, ќе врши собирање на градинарскиот отпад. Ве повикуваме сите кои имате поголема количина на градинарски отпад, истиот соодветно да го складирате - соберете и да го оставите до садовите - кантите за смет за време на викендот (сабота и недела)  како би можеле вработените од одделението за јавна чистота [...]

Исчистена депонијата за градежен отпад во Берово

По којзнае кој пат,  темелно е исчистена депонијата за градежен отпад во близина на Берово, кај м.в. Црвен Брег, која често е предмет за несовесно расфрлање на отпад, за што секако најголем виновник е човечкиот фактор. Апелот за чиста животна средина, да се почитува работата на работниците, а на идните генерации да им  предадеме чиста [...]

Паркот кај комплекс ,,Стара гимназија” е исчистен, благодарност до нашиот сограѓанин Димитар Гошевски за реакцијата

Почитувани граѓани на општина Берово, ценети посетители и туристи,   Вчера бевме сведоци на една многу неубава слика, на расфрлано ѓубре, насекаде по детскиот парк, кај комплексот ,,Стара гимназија”. На реакцијата на социјалните мрежи на нашиот сограѓанин Димитар Гошевски, службите на ЈПКР ,,Услуга” –Берово, денес,  темелно го исчистија теренот. Овој период, општина Берово , дополнително [...]

Општина Берово ангажира лица за извршување на јавни работи

Денеска почнува работниот ангажман на лицата кои се анажирани на определено работно време од 22 работни денови, за извршување на јавни работи, врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на РСМ,  преку  Програмата за работно ангажирање – Јавни [...]

Општина Берово во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово, спроведе акција за чистење на депонијата на ,,Црвен Брег “

Општина Берово во соработка со ЈПКР ,,Услуга” Берово  и ангажирана градежна механизација, по којзнае кој пат, ја исчисти  Депонијата за градежен шут,  во место викано ,,Црвен брег” во Берово. Сакаме да потенцираме дека оваа депонија е предвидена само за градежен отпад, односно одлагање на било каков друг тип на отпад,  е казниво и строго забрането. [...]

Цветно и хортикултурно се уредуваат јавните површини во Берово

Во пресрет на туристичката сезона, ЈПКР,, Услуга" Берово, ги уредува цветно и хортикултурно јавните површини во Берово. Приоа, се уредуваат градските паркови, кружниот тек, цветните жандањери, насекаде во градот. Годинава, покрај големиот број на засадени цвеќиња во централното градско подрачје, цветен аранжман во форма на пеперутка, ја краси јавната површина кај градскиот стадион и претставува [...]
Горе