Category: Комунални работи

АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини”

Почитувани жители на Општина Берово , Во пресрет на зимската сезона, со цел решавање на проблемот со паркирани хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и претставуваат лоша слика за Берово, , Општина Берово, ги известува граѓаните, дека започнува со АКЦИЈА ,,Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини” . Во таа [...]

Започнува изградбата на фекална канализација во село Мачево

Започнува изградбата на фекална канализација во село Мачево, каде што увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Берово, заедно  со стручните служби во општината. Проектот ,, Изградба на фекална канализација во село Мачево", се реализира , со средства обезбедени со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, што беа предвидени за изградба на карго [...]

АД Водостопанство–Подружница Берово- позитивен пример во заштитата на животната средина

Вработените во АД Водостопанство на РСМ - Подружница Берово, во соработка со Општина Берово,  извршија акцијата за чистење на патеката околу Беровско езеро, од ресторанот до круната на браната. Притоа извршено е метење на патеката, чистење   од вегетативни наноси и лисја, со што е спречено поголемо загадување на водата во Беровско езеро, која се користи [...]

ЈПКР ,,Услуга” Берово , по којзнае кој пат, ја исчисти Депонијата за градежен и градинарски отпад, во место викано ,,Црвен брег” во Берово.

По којзнае кој пат, службите при ЈПКР ,,Услуга" Берово, ја исчистија депонијата за градежен и градинаски отпад, во место викано ,,Црвен Брег". Сакаме да потенцираме,дека оваа депонија е предвидена само за градежен и градинарски (органски) отпад, односно одлагање на било каков друг тип на отпад,  е казниво и строго забрането. Воедно информираме дека локалитетот ќе [...]

Двориште доби нови контејнери за подобро управување со отпадот

Екипи на ЈКПР „Услуга“ Берово,  деновиве поставуваат нови контејнери  за комунален отпад, во  беровското село Двориште, кои претпријатието ги доби во рамките на проектот  за регионално управување со отпадот, финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија. Со поставување на новите контејнери,  ќе се одговори на потребите на граѓаните, но и [...]

Започнува пролетната акција за кастрење на непотребната вегетација

Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење на дрвјата на јавни површини. Со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, поточно на ул.,,Задарска",  а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно. Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, [...]

,,Пакомак”, донира 8 контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика за Берово

Фирмата ,,Пакомак” од Скопје, повторно  е сериозен партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад, при што донира 8  контејнери, кои се наменети за собирање и складирање на отпадна пластика. Контејнерите ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за [...]

Поставени мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско ЕЗЕРО

Во насока на подобрување на јавната чистота и заштита на животната средина,  Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” постави  мрежи на контејнерите на повеќе локации во населените места и туристичка населба Беровско Езеро. Мрежите се поставени со цел  да не се разнесува отпадот од страна на животни и за уредно одлагање на комуналниот отпад. [...]

Преку јавни работи до почисто Берово

Во рамките на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, усвоен од Владата на РСМ, во Берово,  ангажирани се  дополнителни 15 лица, во проектот ,,За почисто Берово”. Проектот го спроведува Општина Берово, во соработка со Агенција за вработуваање на Република Северна Македонија, а активноста е во согласнос [...]

Известување за собирање на градинарски отпад

Ве известуваме дека ЈПКР „Услуга“ Берово, ќе врши собирање на градинарскиот отпад. Ве повикуваме сите кои имате поголема количина на градинарски отпад, истиот соодветно да го складирате - соберете и да го оставите до садовите - кантите за смет за време на викендот (сабота и недела)  како би можеле вработените од одделението за јавна чистота [...]
Горе