Завршено е асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во с. Ратево, во должина од 591 метри.
Со реализацијата на овој проект, жителите на с. Ратево, добиваат побезбедна, поквалитетна и современа сообраќајна инфраструктура, што значително ќе го олесни секојдневното движење на пешаците и возилата.

Асфалтирањето на улицата ќе придонесе за:
Во рамки на проектот, дополнително е изведен и канал во должина од 70 метри, со што се подобрува одведувањето на атмосферските води, а изградени се и 2 потпорни ѕида, со вкупна должина од 60 метри, за поголема стабилност и заштита на теренот.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.786.419,00 денари, кои се обезбедени од Буџетот на Општина Берово, за 2026 година.Посветено продолжуваме да вложуваме во проекти што носат долгорочни придобивки и подобар квалитет на живот за сите граѓани, во секое населено место



