Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2020 година, денеска започнаа активностите за изградба на крак од ул.,,Прохор Пчињски”, во Берово.
Ќе се изгради колско пешачка патека, во должина од 45 метри, а бехатон плочки ќе бидат поставени на површина од 150 m2.
Со изградбата на оваа улица, ќе се олесни пристапноста на жителите од овој дел на градот, кој ќе добијат соодветна инфраструктура и подобар квалитет на живот.
За изградбата на кракот од улица ,,Прохор Пчињски”, од Буџетот на Општина Берово, за 2020 година, ќе бидат исплатени 243.000,00 денари.