Се решава децениски проблем за жителите на ул.,,Брашнарска”во с. Владимирово, при што после повеќе години, асфалтирана е улицата во должина од 48 метри и широчина 3 метри.
Повеќе семејства, од беровското село Владимирово, добија олеснет пристап до нивните семејни куќи и после долги години, повеќе нема да стигаат по кал до дома,со што ќе им се подобри квалитетот на живот, ќе добијат соодветна инфраструктура и ќе им се олесни пристапноста.
Изминатиот период асфалтирани се голем број улици во Берово, во моментот се врши асфалтирање на ул.,,Борис Кидрич” , а наскоро ќе се пристапи и кон реконструкција на ул,,7’- истакна Пекевски, кој додаде дека подобрувањето на патната инфраструктура, за рамномерен регионален развој на сите рурални средини , останува приоритет на локалната власт,при што во моментот може да се каже дека се интензивирани активностите за подобрување на патната инфраструктура.
За реконструкција на оваа улица од општинскиот Буџет за 2021 година, ќе бидат исплатени 600.008,00 денари.