Цветно и хортикултурно се уредуваат јавните површини во Берово

Во пресрет на туристичката сезона, ЈПКР,, Услуга” Берово, ги уредува цветно и хортикултурно јавните површини во Берово.
Приоа, се уредуваат градските паркови, кружниот тек, цветните жандањери, насекаде во градот.
Годинава, покрај големиот број на засадени цвеќиња во централното градско подрачје, цветен аранжман во форма на пеперутка, ја краси јавната површина кај градскиот стадион и претставува вистинска убавина за очите.
Како што истакна директорот на ЈПКР,,Услуга”, Илија Рунтевски, акцијата за цветно и хортикултурно уредување, ќе продолжи и во следниот период, при што ќе бидат засадени голем број на сезонски цвеќиња.
Горе