Одржани состаноци со одборите на месните заедници и црковните одбори од с. Будинарци и с. Митрашинци

Градоначалникот Звонко Пекевски и директорот на ЈПКР ,,Услуга” од Берово,Илија Рунтевски,  вчера беа на состаноци со одборите на месните заедници  и црковните одбори во с. Будинарци и с. Митрашинци.

Со жителите од двете села, разговарано е за потребите на жителите на  овие села,  за решавање на одредени проблеми од комуналната сфера, околу одржување на гробиштата и понатамошната меѓусебна соработка.

Месните заедници претставуваат важна алка во функционирањето на локалната самоуправа, потенцираше Пекевски и токму од тие средби, локалната власт ги црпи идеите и програмите за работа, за тековниот и следниот период.

На овие средби, беше договорена координација и усогласување со активностите на општината, во однос со потребите на жителите на месните заедници, искажана преку присутните граѓани.

Ваквите средби ќе продолжат денеска во с. Мачево и с. Смојмирово.

Горе