Општина Берово продолжува со реализација на активности за унапредување и модернизација на локалната патна инфраструктура.

Во рамки на Програмата за реконструкција на локални патишта и улици за 2026 година, успешно завршија градежните работи за асфалтирање на улицата „29 Ноември“ во Берово, во должина од околу 100 метри.
За реализација на проектот, од Буџетот на Општина Берово се издвоени средства во висина од 578.766,00 денари.
Со реконструкцијата на оваа улица се надминува долгогодишен инфраструктурен проблем, а жителите добиваат подобри и побезбедни услови за секојдневно одвивање на сообраќајот и непречено движење.

Општина Берово и во наредниот период продолжува со инвестиции во локалната инфраструктура, со цел создавање поквалитетни услови за живот и подобрување на урбаното уредување на градот и населените места.
