🏃‍♀️🏃‍♂️ БИДИ АКТИВЕН! УЧИЛИШТЕН СПОРТСКИ ДЕН ВО БЕРОВО

ДЕНЕС СПОРТУВАМЕ!

Денеска, во рамките на Европската недела на спортот,  под покровителство на Министерството за спорт и глобалната кампања #BeActive, во Берово се одржува Училиштниот спортски ден, во организација на Општина Берово, во соработка со ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ ООУ ,,Никола Петров Русински”  и ОСУ „Ацо Русковски“.

Нашите ученици, денеска, се дел од спортските активности, дружењето и позитивната енергија, со заедничка порака за значењето на физичката активност и здравиот начин на живот.

Нека спортот биде наша навика, дружењето наша радост, а активниот начин на живот наша заедничка цел!

Биди активен! Берово спортува! 💪 #BeActive

 

Горе