Општина Берово исплати по 5.000 денари поддршка за првачињата и учениците запишани во прва година средно образование

Денеска, на сметките на родителите на беровските ученици, кои годинава се запишаа во прво одделение и во прва година средно образование во ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово, легнаа по 5.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2026 година.

Средствата се дел од Програмата за образование за 2026 година и имаат за цел да претставуваат поддршка за семејниот буџет, пред почетокот на новата учебна година.

Како поддршка од локалната самоуправа за покривање на дел од трошоците за набавка на школски прибор и други потребни работи на почетокот на учебната година, по 5.000 денари се исплатени на вкупно 63 ученици запишани во прва година средно образование, како и на 65 првачиња од двете основни училишта во Берово и во село Русиново.

Образованието и грижата за најмладите се меѓу нашите најзначајни приоритети. Сметаме дека исплатените средства, ќе бидат значајна помош за семејниот буџет и уште една потврда дека Општина Берово стои зад своите ученици и нивните семејства. На сите им посакуваме успешна, среќна и исполнета учебна година. 

За реализација на оваа активност, преку Програмата за образование, од Буџетот на Општина Берово за 2026 година, исплатени се вкупно 640.000 денари.

Со оваа мерка, Општина Берово  ја потврдува својата заложба за континуирана поддршка на учениците, родителите и образованието.

Горе