Врз основа на член 20-г став 1 и член 21 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016,35/2018, 198/2018 и Службен весник на РСМ бр. 143/2019, 14/2020 и 208/2024), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 62/2005……….120/2018 и Службен весник на РСМ бр. 110/2019,267/2020,151/2021,288/2021,111/2023,39/2025,74/25 и 124/25), Правилникот за систематизација на работни места во Општина Берово бр. 01 – 1017/1 од 29.12.2015 година, 01-1117/2 од 13.04.2016 година, 01-1566/2 од 15.06.2016 година, број 01-2593/4 од 19.12.2016 година, 01-617/1 од 22.03.2017 година, 01-389/1 од 30.01.2018 година, 01 – 1868/1 од 01.06.2018 година, 01 – 2757/1 од 27.08.2018 година, 01 – 2157/1 од 21.06.2019 година, 01 – 2772/1 од 06.08.2019 година, 01 – 3421/1 од 25.09.2019 година, 01 – 2003/1 од 23.06.2020 година, 01 – 137/1 од 13.01.2021 година, 01 – 1869/1 од 20.05.2021 година, 01 – 574/1 од 09.02.2022 година,01 – 3925/1 од 17.10.2023 година, 01 – 4543/1 од 19.12.2025 година и 01-1336/1 од 27.03.2026 година, согласно Писмена согласност од Градоначалник број 04-2619/1 од 17.06.2026 година и Известување за обезбедени финансиски средства од Градоначалник број 04-2620/1 од 17.06.2026 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува
ЈАВЕН ОГЛАС 01/2026
за вработување на неопределено работно време
на 2(двајца) извршители
Општина Берово објавува јавен оглас за вработување на 2(две) лица на неопределено работно време на следните работни позиции:
- Хигиеничар во Одделение за правни и општи работи,Сектор за правни и општи работи и јавни дејности во Општина Берово шифра УПР0405А03004– 1 извршител, кој ќе ги врши работните задачи од работно место на неопределено работно време со нето плата од 34.732,оо денари.
- КВ работник за одржување на објекти (и опрема)- одржувач на јавно осветлување во Одделение за правни и општи работи, Сектор за правни и општи работи и јавни дејности во Општина Берово шифра УПР0401А04001– 1 извршител, кој ќе ги врши работните задачи од работно место на неопределено работно време со нето плата од 34.732,оо денари.
Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите согласно Законот за работни односи се:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- соправосилна судска пресуда да не му е изречена казна
забрана на вршење професија, дејност или должност
Потребни квалификации кои треба да бидат исполнети, освен општите услови утврдени со Законот за работни односи се:
За работно место 1:
- основно или средно гимназиско образование;
- без/соработно искуство
За работно место 2:
- средно гимназиско образование или средно стручно образование -насока електро;
- без/со работно искуство
Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
- своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат со изјава за согласност за користење на лични податоци (истите можат да се подигнат и од Архивата на Општина Берово или да се превземат од веб страната на општина Берово);
- кратка биографија CV не поголема од 5 страни, со задолжително наведен контакт телефон и адреса и мотивационо писмо со не повеќе од 500 зборови;
- уверение за државјанство оригинал или фотокопија заверена на нотар;
- доказ за завршен степен на образование кое се бара за работното место во оригинал или фотокопија заверена на нотар;
- лекарско уверение за општа здравствена способност како општ услов за засновање на работен однос, потпишано од доктор на медицина специјалист по медицина на труд, издадено од здравствена организација од примарната здравствена заштита која врши дејност медицина на труд;
- потврда/уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност од Основен Суд или Централен Регистар на Република Северна Македонија;
Кандидатите кои во својата автобиографија и мотивациско писмо навеле податоци дека имаат завршено повисоко образование од она што се бара во огласот, имаат работно искуство во областа, имаат познавање од странски јазици, или имаат наведено други податоци, потребно е за сите нив да достават соодветен доказ – документ во оригинал или заверена фотокопијана нотар.
Распоред на работно време:
Работно време за работно место под реден број 1 и 2:
- Работни денови од понеделник – петок
- Работни часови неделно – 40
Работно време од 07:30 часот до 15:30 часот
Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави непосредно до Архива на Општина Берово или по пошта на следнава адреса: Општина Берово, ул. „Димитар Влахов” бр. 10, 2330 Берово, (со назнака „за Јавен оглас број 01/2026 ” а на другата страна на ковертот и да се наведе работното место за кое се аплицира).
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Рокот за доставување на потребната документација е 3 (три) работни дена од денот на објавувањето, не сметајќи го денот на самото објавување на огласот во дневниот печат.
Пријавите кои ќе бидат поднесени по истекот на рокот нема да бидат предмет на разгледување. Пријавите се доставуваат преку архивата на Општина Берово или со препорачана пратка по пошта.
Постапката за избор на кандидатите ќе ја спроведе Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Берово.
При склучувањето на договорот за вработување работодавачот може да го провери знаењето, односно способноста на кандидатот за вршење на работата за којашто се склучува договорот за вработување.
Општина Берово ќе изврши избор во рокот пропишан согласно Законот за работните односи.
Со изберените кандидати ќе биде склучен договор за вработување во писмена форма, по конечноста на одлуката за избор.
Бр. 04 –2621/1
17.06.2026 година
Општина Берово
Градоначалник
Петар Ружински
