Асфалтирана улица ,,Гоце Делчев” во с. Ратево

Завршено е асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во с. Ратево, во должина од 591 метри.
Со реализацијата на овој проект, жителите на с. Ратево, добиваат побезбедна, поквалитетна и современа сообраќајна инфраструктура, што значително ќе го олесни секојдневното движење на пешаците и возилата.
Асфалтирањето на улицата ќе придонесе за:
✔ подобра безбедност во сообраќајот,
✔ полесен и побрз пристап до домовите,
✔ намалување на прашината и калта,
✔ подобрување на условите во време на врнежи,
✔ поквалитетен и поуреден изглед на населеното место.
Во рамки на проектот, дополнително е изведен и канал во должина од 70 метри, со што се подобрува одведувањето на атмосферските води, а изградени се и 2 потпорни ѕида, со вкупна должина од 60 метри, за поголема стабилност и заштита на теренот.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.786.419,00 денари, кои се обезбедени од Буџетот на Општина Берово, за 2026 година.
Посветено продолжуваме да вложуваме во проекти што носат долгорочни придобивки и подобар квалитет на живот за сите граѓани, во секое населено место
Горе