По повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, Градоначалникот и Советот на Општина Берово, упатуваат искрени честитки до сите припадници од исламска вероисповед.
Нека овој светол празник донесе мир, здравје, благосостојба и радост во вашите домови, а хуманоста, солидарноста и меѓусебното почитување нека бидат водилка за заедничка и подобра иднина.
Празничните денови нека бидат исполнети со топлина, сплотеност и добри дела, кои ќе внесат радост и надеж кај сите луѓе.
Честит Курбан Бајрам!
