Потпишан договор за изградба на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ во Берово

Градоначалникот на Општина Берово, денеска го  потпиша договорот со Биро за регионален развој, во рамки на Јавниот повик за финансирање на предлог-проекти за намалување на диспаритетите, меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

За проектот „Изградба на потпорен ѕид на улица „Маршал Тито“ во Берово“,  се одобрени 705.874,00 денари.

Проектот предвидува изградба на потпорен ѕид во должина од околу 25 метри, со цел заштита на коловозот и тротоарот и спречување на обрушување на теренот, во делот кај „Старо Берово“.

Со реализацијата на овој  проект, ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците.

Горе