До сите припадници на Територијалната противпожарна единица, упатуваме искрени честитки по повод 20-ти Мај – Денот на пожарникарите.
Ви благодариме за вашата храброст, пожртвуваност и несебична служба во заштитата на граѓаните и нивната безбедност. Вашата работа е симбол на одговорност, човечност и вистинска посветеност.
Секој ваш повик за помош значи надеж, сигурност и спас.
Со вашата подготвеност и хуманост, секојдневно покажувате што значи да се служи чесно и достоинствено на заедницата.
Нека ве следат добро здравје, сила и што помалку интервенции.
Нека е честит Денот на пожарникарите, 20-ти мај!
