По завршувањето на јавниот повик за поддршка на предлог-проекти од граѓански организации во рамките на ReLOaD3 програмата, кој беше отворен во периодот од 05.02.2026 до 05.03.2026 година, Општина Берово ја објавува листата со резултати од извршената евалуација на пристигнатите проектни апликации.
Листата со резултати од извршената евалуација, можете да ја преземете ТУКА.
Им благодариме на сите граѓански организации кои учествуваа на јавниот повик и со своите предлог-проекти дадоа придонес кон развојот на локалната заедница.
Преку ваквите програми, продолжуваме да ја зајакнуваме соработката со граѓанскиот сектор и да поддржуваме иницијативи кои придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.
