Во рамки на проектот „Сонце за почиста Брегалница – Берово“, градоначалникот Ружински, потпиша договор, за изработка на техничка документација, за поставување на нов фотоволтаичен систем на Пречистителната станица за отпадни води, во Берово.

Со изработката на техничката документација, поставуваме важна основа, за идната реализација на проектот, кој ќе овозможи поголема енергетска ефикасност, користење обновливи извори на енергија и унапредување на системите за заштита на животната средина.
Во рамките на проектот, се предвидува изработка на техничка документација за изградба на нов фотоволтаичен систем, батериско складирање на енергија и модернизација на станицата, што ќе придонесе за почиста животна средина и намалени трошоци.
Продолжуваме да инвестираме во проекти што носат почиста Брегалница, поздрава средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Проектот е финансиран од Фондот за техничка документација, во рамки на проектот на UNDP MK „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – фаза 2“.

