Берово добива современ културен центар!

Денеска, е потпишан договорот, со изведувачот, Фабрика Карпош – Скопје, за изградба на мултифункционална сала,во рамки на Домот на култура „Димитар Беровски“.

Проектот, во вредност од 115.274.195,00 денари, е финансиран од Владата, преку програмата за инфраструктурни проекти во областа на културата.

Новата сала ќе се гради на местото на поранешното кино, во центарот на Берово и ќе биде опремена со најсовремена аудио-визуелна и сценска опрема.

Со овој капитален проект, општината обезбедува врвен простор, за културни настани, конференции и филмски проекции, што ќе даде силен импулс на локалната економија и развојот на туризмот. ✅🇲🇰

Продолжуваме со реализација на капитални инвестиции, кои го менуваат ликот на Општина Берово, на подобро!

Горе