Врз основа на Договор, склучен помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Општина Берово и ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот (Службен весник на РСМ бр. 268 од 24.12.2019 и Службен весник на РСМ бр.198 од 24.08.2021 година ), ОЈУСЗСЛ ,,д-р Иван Влашки”, во соработка со Општина Берово распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на 24 извршители (даватели на услуги) во рамките на
Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”
- ОЈУСЗСЛ ,,д-р Иван Влашки” има потреба од ангажирање на 24 извршители (даватели на услуги), за потребите на Проект “Возврати со љубов, грижа и почит” и тоа:
- 20 негуватели на стари и изнемоштени лица во домашни услови
- 1 возач на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
- 1 координатор на проектот на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
- 1 асистент на координаторот на проектот на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
- 1 хигиеничар на проектот на цело работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно
- Опис на проектот (социјална услуга помош и нега во домот)
Услугата ќе понуди помош и нега во домашни услови, за стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби, вонинституционална грижа на ранливи категории граѓани и нивна интеграција во општеството.
Со услугата ќе бидат опфатени стари и изнемоштени лица, од кои со место на живеење во градот Берово, во зависност од потребата и во 8-те (осумте) селски населби на територијата на општина Берово, а кои имаат над 65 години живеат сами без секојдневна грижа и нега која им е потребна, имаат лоши услови за живот, постои отсуство на редовни лекарски прегледи и слично.
Избраните кандидати (негуватели на стари и изнемоштени лица) ќе бидат ангажирани најмалку 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, со склучување на договор за дело. Потребно е сите кандидати (негуватели на стари и изнемоштени лица) да имаат стекнато сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни.
III. Работни задачи на ангажираните лица
- За работно место под реден број 1 (20 негуватели):
- Да ја дава услугата помош и нега во домот на корисникот по вид и траење, согласно решението на Меѓуопштински центар за социјална работа Берово и индивидуален план за работа со корисник или договор за користење на услуги
- Да води дневник за работа и на неделно ниво да го доставува до координаторот
- Да ја одржува хигиената на гардеробата за работа и лична хигиена
- Соработува со членовите на семејството на корисникот, водителот на случај и други лица од опкружувањето на корисникот
- Учествува на координативен состанок, организиран од координаторот еднаш неделно
- Ги известува навремено корисникот и давателот на услугата во случај на потреба од боледување или друга причина за отсуство
- Учествува на обуки согласно планот за унапредување на вештините и знаењата на вработените
(Услугата во домот се дава согласно Листа на активности за остварување на услугата помош и нега во домот, ПРЕВЗЕМИ ЛИСТА), во согласност со поединечните потреби на секое лице.
- За работно место под број 2 (1 возач)
- Да вози службено возило и се грижи за неговото одржување и техничката исправност
- Да се грижи за редовно сервисирање на возилото ,како и за роковите за технички преглед за регистрација на возилото;
- Да врши превоз на лица за службени потреби согласно потребите на проектот
- Да води евиденција за одминатата километража за потрошеното гориво
- За работно место под број 3 (1 Координатор на проектот)
- Му обезбедува поддршка на корисникот во изборот на негувател од евиденцијата на достапни негуватели во соработка со стручниот работник во ЈУ МЦСР Берово;
- Ја организира работата и прави распоред за работа на негувателите;
- Ја следи работата на негувателите во давањето на услугата помош и нега во домот, согласно решението од ЈУ МЦСР Берово и индивидуалниот план за работа со корисник или договорот за користење на услуги;
- Да се грижи услугата да се дава континуирано, во целост и квалитетно во согласност со дијагнозата и потребите на корисникот, преку непосреден увид во домот на корисникот, најмалку еднаш месечно;
- Да води тековна и уредна евиденција, согласно член 20 став 1 алинеја 8 од правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот (Службен весник на РСМ бр. 268 од 24.12.2019 и Службен весник бр.198 од 24.08.2021 година);
- Да се грижи услугата да се дава во недискриминаторска средина;
- Да остварува контакти со корисникот, членовите на неговото семејство и водителот на случајот во однос на давањето на услугата;
- Врши увид во дневниците за работа на негователите;
- Да организира координативни состаноци, со негователите, еднаш неделно, заради дискусија за сите околности кои влијаат врз давањето на услугата;
- Да спроведува внатрешни процедури за евалуација на дадените услуги и за проценка на задоволството на корисниците и
- Да подготвува месечен извештај за активностите поврзани со давањето на услугата.
- За работно место под број 4 (1 асистент на координаторот на проектот)
- Работните задачи на координаторот се пренесуваат и на работното место под број 4,односно да му асистира во сите работи на Проектинот координатор,
- Да се грижи за навремена и квалитетно давање на услугата и да обезбедува техничка и логистичка поддршка на негувателите и на возачот
- За работно место под број 5 ( 1 хигиеничар)
- Секојдневно учевствува во одржување на општата и посебната хигиена на просторијата;
- Се грижи и води сметка за минимално трошење на електрична енергија, вода и други матерјали при секојдневно извршување на работите и работните задачи,
- Одговорна за квалитетно и навремено извршување на работните задачи за кои е задолжен;
- Квалификации за сите
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Да имаат здравствена способност за вршење на дејноста
- Да не му е одземена или ограничена деловната способност
- Да не му е одземено вршењето на родителско право
- Да не му е изречена осуда за кривично дело со казна затвор над шест месеци
- Да не му е изречена забрана за вршење на должност, дејност и професија
IV.1 За работно место под реден број 1 (20 – негуватели)
- Да има најмалку основно образование
- Да поседува сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни
IV.2 За работно место под реден број 2 (1 – возач)
- Да има најмалку четиригодишно средно образование и возачка дозвола од Б категорија .
IV.3 За работно место под реден број 3 (1- Проектен координатор)
- Завршено високо образование, – социјален работник, правник, специјален едукатор или друг работник од општествено хуманистички науки;
IV.4 За работно место под реден број 4 ( 1- Асистент на проектниот координатор)
- Завршено најмалку четиригодишно средно или вишо образование,
IV.5 За работно место под реден број 5 ( 1 хигеничар)
- Да има најмалку основно образование
- Договор и обврска за известување
Со лицата кои ќе бидат избрани за извршители, согласно јавниот повик, правата и обврските, ќе бидат уредени со Договор за дело.
VI.Времетраење на ангажманот и исплата на финансиските средства
Работниот ангажман на сите ангажирани 24 извршители е предвидено во период за времетраење до 31.12.2022 година.
VII. Документи за пријавување
– Кратка биографија.
-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци) во оргинал или копија заверена на нотар
– Лекарско уверение од Доктор по медицина на труд
– Документ со кој се докажува дека не му е одземена или ограничена деловната способност
– Документ со кој се докажува дека не му е одземено вршењето на родителско право
– Документ со кој се докажува дека не му е изречена осуда за кривично дело со казна затвор над шест месеци
– Документ со кој се докажува дека не му е изречена забрана за вршење на должност, дејност и професија
– Документи кои ќе го потврдат степенот на завршено образование/ сертификат за завршена обука за негувател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни, согласно точка IV од овој повик.
VIII. Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во точка IV од овој повик, потребно е да ја достават потребната докумантација преку архивата на ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” или по пошта до ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки”, ул.,,Маршал Тито” Бр 8/А, 2330 Берово, со назнака за: “ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 24 извршители (даватели на услуги) во рамките на Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”.
Рокот за аплицирање е од 20.09.2022 до 26.09.2022 година до 15.00 часот.
Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои што ги исполнуваат условите.
ОЈУСЗСЛ,,Др. Иван Влашки”
Директор
Живка Бојчовска Каламадевска