Средба со граѓаните од ромската заедница по проект ,,Општините Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”

Започнаа  активностите  од проектот  ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, чија главна цел е Унапредување во домувањето, образованието и економските можности за Ромите кои живеат во голема сиромаштија, преку подобрување нанивните услови за домување и пристап до социјални услуги.

Преку заеднички проект општиините Берово и Штип, во соработка со  Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопје,заеднички ќе работат на подобрување на  условите за живот на ромската заедница, кој финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје, во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година.

На 24.02.2021 година, во просториите на Општина Берово беше одржан состанок со граѓаните од ромската заеднца -претставници од семејствата, чии домови ќе бидат реконструирани согласно претходно извршена анализа и земајќи го во предвид материјалниот и социјален статус.

Беше извршена  презентација на проектот, информирање на целната група за:

-Tекот на активностите,

-Временската рамка,

– Одредување на приоритет за реновирање на куќи,

– Правната рамка за процес на легализација на имот

– Динамиката на реализација на реновирањето

Проектот ќе биде имплементиран во период од 36 месеци (3 години), почнувајќи од оваа година. Вкупниот грант е во вредност од  895.400,00 евра, во кој  799.950,00 се средства од ЕУ, а општините Штип и Берово ќе учествуваат со сопствени средства во износ од 95.450,00 евра.  Главни активности на проектот во општина Берово се :

Донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба;

  • Легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства (25 кои имаат поднесено барање и 15 кои немаат поднесено барање за легализација);
  • Рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови;
  • Подобрување на инфраструктурата во ромската населба: Реконструкција на 250 м фекална канализација, поплочување на мали улици во износ од 70 до 100 м, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, приклучување на струја на 5 семејства кои немаат пристап до електрична енергија, обезбедување на 7 контејнери и 120 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат поделени во ромската населба
  • Притоа, за подобрување на условите за домување на ромската заедница во општина Берово, ќе биде инвестиран износ од 173.000,00 евра.
Горе