Советот на Општина Берово, утре ќе ја одржи својата 45-та Седница

На дневниот ред на 45-тата Седница на Совет на Општина Берово, која ќе се одржи утре, со почеток во 08:00 часот, ќе се најдат следниве точки:

  1. Записник од одржана 44-та Седница на Совет на Општина Берово;
  2. Предлог Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;
  3. Годишен извештај за реализација на програмата Г1 за подршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2020 година;
  4. Годишен извештај за реализација на програмата за енергетска ефикасност на Општина Берово за 2020 година;
  5. Годишен извештај за реализација на Г2 програма за активностите на Општина Берово за 2020 година во областа на туризмот;
  6. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Берово во областа на комуникациите, односите со јавноста и меѓународната соработка за 2020 година;
  7. Извештај за реализираните активности и исплатени средства од програмата за развој на спортот и спортско рекреативните активности на општина Берово за 2020 година;
  8. Извештај за реализација на програмата за активностите на општина Берово во областа на културата за 2020 година;
  9. Извештај за реализација на  програмата за активностите на Општина Берово во областа на социјалната заштита за 2020 година;
  10. Извештај за реализација на Програмата за заштита на населението од заразни болести во општина Берово за 2020 година;
  11. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавна чистота на подрачјето на општина Берово за 2020 година;
  12. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Берово за 2020 година;
  13. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Берово за 2020 година;
  14. Извештај за реализација на Програмата за третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња за 2020 година;
  15. Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Берово за 2020 година;
  16. Извештај за реализација на Програмата за штетно дејство на водите за 2020 година;
  17. Извештај за реализација на Програмата за располагање со градежно земјиште за 2020 година;
  18. Годишен Извештај за информации од јавен карактер (01.01.2020 – 31.12.2020 година)
  19. Полугодишен Извештај за работа на ОСУ “Ацо Русковски” Берово за учебната 2020/2021 година;
  20. Извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајната, побарувањата, градежните објекти, улици, патишта и опрема на Општина Берово за 2020 годинна;
  21. Предлог О Д Л У К А за вршење на отпис на застарени обврски спрема добавувачи;
  22. Предлог Одлука за усогласување на намените на Општ акт за село Смојмирово, во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот за КП 569, КО Смојмирово – вон г.р., по барање на ЕЛАН ДООЕЛ од Берово;
  23. Предлог Одлука за усогласување на намените на Деталниот урбанистички план на Берово, во однос на легализација на објектите надвор од дефиниран опфат на планот за дел од КП 4713, дел од КП 4712 и дел од КП 13699/2, КО Берово вон – г.р., по барање на Фиданчо Стоиловски од Берово;
  24. Предлог Одлука за отпочнување на постапка за “Изработка на УПВНМ за локалитет Филтер Станица во Берово” ;
  25. Советнички иницијативи и прашања;
  26. Барања од институции и граѓани.

Совет на Општина Берово

Претседател

Јован Матеничарски

Горе