15.000,00 денари за првороденото новороденче од општинскиот Буџет

Првороденото бебе во 2021 година во општина Берово е машко, родено е точно на Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос , што навестува бериќетна  и плодна година за Берово.

На 6 јануари, во 14:00 часот, во клиничката болница во Штип, на свет дојде  Христијан Белчовски, син на Мартин и Драгана Белчовски, од с.Русиново – Берово.Тој е прва рожба на семејството Белчовски.

Градоначалникот Звонко Пекевски, заради почитување на мерките за заштита на здравјето, денеска во својот кабинет  имаше средба со среќниот татко, на кој му беше доделено  решение за исплата на  10.000,00 денари како финансиска поддршка од Буџетот на општината за првородено дете во годината и 5.000,00 денари за новородено дете .

-На  родителите им посакувам најубави желби. Првороденото дете во годината е предвесник на новата генерација дечиња, кои се нашата иднина.Секоја нова рожба носи радост, надеж и иднина, посакувам малиот Христијан да има среќно и безгрижно детство и да ви донесе многу радост, се надевам дека уште повеќе дечиња ќе го развеселуваат вашиот дом.

Воедно, упатувам силна порка за  младите, 2021 година, да биде година, која во значителна мера ќе го зголеми наталитетот на општина Берово. Децата се најголемо богатство и најголема вредност, во едно традиционално семејство. Наталитетот е приоритет на локалните политики и треба постојано да се стимулира – истакна Пекевски.

Од минатата година ,од Буџетот на Општина Берово, за секое новородено дете, чии родители се жители на Општина Берово, се издвојуваат по 5.000,00 денари.

Горе