Жителите од ул.,,5” и ул ,,Ѓорѓи Димитров” во Берово, после долги години, конечно добија асфалт

Од денес, асфалт ги кити улиците .,,5” и ,,Ѓорѓи Димитров” во Берово, при што жителите од овој дел од градот, конечно, по долги години добиваат соодветна патна инфраструктура.

Се асфалтираат двете улици и крак од истите, во вкупна должина од околу 340 метри, широчина 6 метри, со поставување на  ивичнаци и уредување на тротоар на одредени места.

Како што исткна градоначалникот Пекевски, на големо задоволство, општината продолжува да ги реализира ветените проекти,  кои решаваат значајни проблеми и кои влијаат на подобрување на квалитетот на живеење на жителите од Берово.  Се работи за населени улици, кои  честопати се истакнувани како приоритети, на средбите со граѓаните и кои никогаш не биле асфалтирани.

Интензивно се подобрува патната инфраструктура во Берово, при што во тек е реконструкција, изградба и доградба на повеќе улици, како во градот, така и во населените места.

Сретствата во износ од 3.287.363,00 денари, за реконструкција на овие улици,  се обезбедени од општинскиот Буџет за 2021 година.

Горе