Завршува изградбата на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ”, во Берово

Завршува изградбата на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ”, во Берово.
Изграден е атмосферски канал, во должина од 415 метри, со широчина од околу 2 метри.
Со изградбата на овој канал, значително се подобрува квалитетот на живот, на жителите, кои живеат во овој дел од градот, при што се заштитуваат нивните имоти, од поројните дождови, кои се интензивни заради климатските промени, а воедно тие добиваат и соодветен пристап, до своите домови.
Атмосферската вода е изведена соодветно и се решаваат долгогодишните проблеми на жителите, кои живеат во овој дел од градот.
Каналот е изграден со средства од Буџетот на РСМ , доделени како капитални дотации, наменети за финансирање на општински проекти .
Вкупната вредност на проектот е 5.365.702,00 денари, од кои 4.654.000,00 денари се обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина, преку Програмата за третман на отпадни води, а останатите ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Берово за 2024 година.
Ваквите капитални проекти, се од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Берово и се реализираат на општо задоволство, од сите граѓани.
Горе