Заврши второто издание на Малеш Куп 2023, Берово испишува нова спортска страница

Низ прекрасна навивачка атмосфера, со огромен број на публика, синоќа во Берово,  заврши второто издание на турнирот во мал фудбал ,,Малеш Куп 2023″,  кој  го  организира  општинскиот клуб ,,Малеш”,  со поддршка од Општина Берово и локалните бизниси.

Победник на турнирот, кој во регуларниот дел заврши без голови,  е екипата на „Борово Стебло – Тони и Синовето“,  која по изведувањето на пенали, со 2:1 ја совлада екипата на ПАБ Делчево.

 

-За првопласираната екипа, наградата покрај пехарот, е  паричен ваучер во вредност од 80.000 денари, екипата на ПАБ Делчево како второпласирана екипа, доби парична награда, од 40.000 денари.

Наградата на капитенот на победничкиот тим му ја додели градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски кој истакна дека ОФК ,,Малеш” заедно со Општина Берово, локални спонзори од Малешевијата и регионот се покажаа како одлични организатори на вториот по ред, Малеш Куп.

-Турнирот беше добра прилика,  младите да уживаат, низ спортски дух, да се  дружат и забавуваат и да шират позитивна енергија. Публиката, секојдневно беше играч повеќе, која даваше мотив и не водеше кон негување на позитивните вредности. Повеќе од сигурно е дека турнирот во мал фудбал во Берово, означува почеток на нов традиционален настан во Берово, низ позитивна атмосфера, ведар дух,  пријателска конкуренција и фер игра, рече Пекевски .

 

Пред финалето во борбата за третото место екипата на Еклектик ја совлада екипата на  Манто 2013 со 5:4 ,со што се здоби со парична награда од 20.000 денари, а четвртопласирана екипа освои 10.000,00 денари.

 

За најдобар играч на ,,Малеш Куп 2023″ беше прогласен Антон Ратков, од екипата на ПАБ Делчево.

Сигурни сме дека турнирот ги оправда очекувањата, бидејки и сами видовте дека публиката која ги бодреше своите симпатизери беше многубројна, истакнаа организаторите.

Турнирот заврши со огномет и музичка програма, како неизоставен дел од настанот.

Дружењето преку спортот, е животна лекција, која не учи на дисциплина, одговорност, самодоверба, тимска работа и промоција на физичкото, менталното и социјалното здравје.

Горе