Заврши реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово

Во рамките на Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите, за 2024 година, преку Министерството за транспорт, заврши реконструкцијата на крак 1 и крак 2 од улицата ,,Јане Сандански “ во Берово.
Реконструирани се двата крака од улицата, во должина од 171 метар.
Притоа отстранет е стариот и оштетен асфалт, извршено е одводнување , наместени се коловозни рабници и извршено е асфалтирање на крак 1.
Вториот крак е поплочен со бехатон плочки, како колско – пешачка патека со ширина од 2,5 до 3,5 метри и поставени се бетонски рабници.
Со реконструкцијата на оваа улица, создаваме ново урбано решение, го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните кои живеат во овој дел на градот, ја зголемуваме безбедноста, им обезбедуваме полесен пристап до нивните домови и поудобно и побезбедно секојдневие.
Вкупната инвестициона вредност за реконструкција на двата крака, од ул.,, Јане Сандански”, изнесува 1.509.152,00 денари.
Горе